
По обилните дождови во моментов е во прекин сообраќајот кон Маврово од клучката за Стража.
Веќе е создадена огромна колона возила.
Полицијата информира дека се работи за одрони од камења и паднати дрвја на угорницата кон Маврово.
Надлежните служби работат на отстранување на пречките на патот.