
Повеќе од половината од граѓаните сметаат дека актуелната влада на СДСМ предводена од премиерот Зоран Заев покажува воопшто извонредно слаби резултати, а уште поголем е процентот на оние кои сметаат дека земјата се движи во погрешна насока и не очекуваат подобрување на состојбата.
Ваквите резултати произлегуваат од истражувањето на јавното мнение во земјата коишто во неделата ги објави Институтот за стратегии, истражувања и анализи СИА ВИСТА, направено за сопствени потреби.
Анкетата е спроведена телефонски во период од 21.12.2020 – 25.12.2020 врз репрезентативен примерок од 1.523 испитаници, при што е водено сметка за демографската структура и етничката припадност. При анализата опфатени се сите изборни единици. Маргиналната грешка е плус/минус 1.5 отсто.
Високи 50,2 отсто од испитаниците ја оцениле работата на Владата на премиерот Зоран Заев со оцената „1“, а со најниската „преодна“ оцена „2“ ја оцениле 21,7 отсто од испитаниците. Севкупно колку „двојката“, пак, се процентите за оцените кои се движат во описот со 3, 4 и 5 на скалата со пет оценки. Односно со „тројка“ владата е оценета од 10,9, со „четворка“ од 3,3 и со „петка“ од 9,1 проценти од учесниците во анкетата. Своја оцена не дале 4,8 отсто од испитаниците.
Во поглед на справувањето на кризата предизвикана од пандемијата со коронавирусот, најголем број од испитаниците во оваа анкета сметаат дека претставува маркетиншки потег за лична промоција на членови на влада и поткуп на гласачите за предвремените парламентарни избори од 15-ти јули и предвремените за градоначалник во Штип и Пласница.
На пакетите антикризна помош од Владата донесени изминатиот период како на „поткуп“ гледаат 23,2 отсто од испитаниците, а за 28,5 проценти од нив таа претставува „маркетин за промоција и помош која не репава проблеми“. Покрај тоа уште 19,8 отсто од испитаниците сметаат дека помошта е „недоволна“.
Само 18,3 отсто од учесниците во ова истражување сметат дека споменатите пакети помош се „решение за проблемите“, а 10,2 отсто воопшто не дале никаква оцена.
Севкупно 70 отсто од испитаниците сметаат дека Владата предводена од СДСМ не ја води земјата во вистинската насока. Или, дури 55,7 отсто се одговориле со „Не и нема да биде подобро“ на прашањето „Дали мислите дека Владата ја движи земјата во правилна насока?“, а 11,3 проценти одговориле со Делумно“.
Дека државата оди по правилниот пат, пак, сметаат вкупно 26 проценти. Односно 10,7 отсто одговориле на истото прашање со „Да, иако може подобро“ а 15,3 отсто се изјасниле со одговорот „Да подобро од што очекував“. На ова прашање не одговориле 7 отсто од испитаниците.