
Со декрет на претседателот на Египет Абдел Фатах Ел Сиси данокот на цигарите порасна за 50 отсто, а на пивото за 200 отсто.
Таа одлука е најнова во низата закони чија цел е намалување на големиот дефицит на државниот буџет кој три години од пресвртот е на околу 12 отсто од БДП.
Претседателот Ел Сиси, поранешен командант на Војската, избран за шеф на државата минатиот месец, најави тешки одлуки со цел за заживување на пропаднатата економија.