Македонската одбојкарска репрезентација на стартот од квалификациите за Европското првенство успеаа да забележат победа од 3:1 во дуелот против Босна и Херцеговина.
Избаниците на селекторот Никола Матијашевиќ можеа и полесно да стигнат до почетниот триумф и по скоро два часа игра успеаа да совладаат противникот.
Првиот сет ни припадна со 27:25, во вториот славевме со 25:21, но за жал во третиот на противникот му дозволивме да стигне со 25:23. Во последниот работите дојдоа на свое место, одигравме на повисоко ниво и со 25:21 стигнавме до посакуваната победа со 25:19.
Следниот натпревар нашите одбојкари го играат в среда против Турција, а почетокот е закажан за 18 часот.