Сер Тим Бернерс-Ли, експерт за компјутерски науки и изумувач на интернетскиот навигациски систем познат како World Wide Web, поради што е одликуван со титулата витез, повторно сака да го редизајнира кибернетичкиот простор.
Покренувајќи го стартапот „Inrupt“, Бернерс-Ли сака да поправи некои од проблемите кои ја погодиле ткн отворената мрежа во периодот на големите, централизирани платформи како што се „Facebook“ и „Google“.
Неговиот стартап сега ја развива децентрализираната платформа Solid со отворен код, а мисијата ѝ е да ја врати контролата врз web-от во рацете на неговите корисници.
Корисниците ќе може само еднаш да се логираат за која и да е услуга, а личните податоци ќе се складираат во „капсули“, односно лични интернет складишта на податоците.
„На луѓето им е доста од недостатигот од контрола“, изјави Бернерс-Ли, еден од основачите на „Inrupt“, кој е задолжен за прашањата на технологиите.
Според него, новиот web ќе овозможи споделување на содржините директно меѓу лицата и соработка која на големите социјални мрежи им овозможи успех, а истовремено се здобија и со голема контрола над своите корисници.
Новата платформа, смета нејзиниот зачетник, има потенцијал да донесе и нова револуција во областа на програмирањето, а девелоперите, хакерите, активистите и самите корисници би требало во опкружувањето на Solid ќе се чувствуваат сигуро и ќе започнат да креираат содржини на децентрализиран начин, каде што интернетските гиганти како што се „Google“ или „Facebook“ нема да ги има „под контрола“.
Џон Брус, еден од директорите на „Inrupt“, изјави дека компанијата за свои пилот-клиенти ги добиле британскиот завод за јавно здравство NHS, јавниот радиодифузен сервис BBC и владата на Фландрија во Белгија. До април, според него, би требало да ги има многу повеќе.
Меѓу вложувачите во компанијата се и компанииите „Hearst Ventures“, „Octopus Ventures“ и „Akamai“.