Новинарот Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации во Студио 10 на ТВ 24 зборуваше вкупната годишна сума што им се исплатува на 1319-те советници и претседатели на совети која изнесува повеќе од 215 милиони денари или нешто над 3,5 милиони евра. Висината на месечниот надомест зависи од бројот на жители во општината и е определен како процент од просечната плата во земјава.
Претседателите добиваат 30 % повисок паушал од советниците. Услов за да се исплати паушалот е во месецот да биде одржана барем една седница. Најголем месечен паушал од една просечна плата од 24 илјади денари добиваат советниците на Град Скопје, но тие одржуваат и најмногу седници во текот на месецот. Од другите општини, највисоко платени се советниците во Кичево кои земаат 19 илјади денари месечно, а најмалку платени се советниците во Вевчани кои земаат малку помалку од 5 илјади денари месечно. Само 12 општини исплатуваат понизок месечен надомест од законскиот максимум, а 15 општини одат дури и над тој лимит.
Најмногу седници годишно одржува Град Скопје, лани дури 27, а најмалку 6 одржале во Центар Жупа. Просечно, општинските совети одржувале по 15 седници годишно.
„Износот на парите не е најстрашното тука, зошто се платени за тоа за што се избрани, но нивната одговорност и влијание се многу поголеми, зошто општинските советници имаат големо влијание. Сите овие што ги гледаме, Охрид, Унеско, мораториум во центар, Карпош, тие општински осветници ги изгласале тие планови. Тие имаат голема моќ.“ – вели Филков.
Јавните набавки се купување на стоки и услуги од државните институции од приватниот сектор и се купува на тендер, рече Филков. Ланската година беше првата со примената на новиот закон кој е по европски терк, но ефектите се уште не може да се видат, поради двете работи, постојаната употреба на најниска цена и аукцијата на фирмите кои еднаш откако ги дале најсиниските цени, повторно ги спуштаат со цел да го добијат тендерот.