На денешните завршни зборови за одбраната на случајот „Шпион“, адвокатот на првоосомничениот Марјан Ефремов, Еленко Миланов рече дека според доказите кои ги изнело обвинителството може да лесно да види дека во овој случај нема шпионажа, дело за кое се товари неговиот клиент.
Миланов во своето излагање појасни дека одредени докази треба да бидат отфрлени бидејќи не е запазена нивната процедура на прибавување, односно наместо да бидат обезбедени од страна на врховен судиија тие се обезбедни од страна на обвинителството.
„Според сите документи кои беа приложени на главниот претрес можеме дека видиме дела Марјан Ефремов не е дирекно поврзан со нив, односно нема никакви конкретни докази дека тој прибавувал документи, станал член на одредена странска агенција, продавал државни тајни или пак земал пари за нивно оддавање“, рече адвокатот Миланов.
Обвинението само по себе е контрадикторно, рече во своето излагање Миланов, бидејќи не може на оние кои се обвинети за соучешништво да не им се суди за шпионажа. Не може едно лица да му дава информации на Ефремов, тој да им ги продава на странските служби и тоа лице да не се обвинува за шпионажа.
„Од сите прикажани докази можеме јасно да видиме дека нема никакви елементи за шпионажа и затоа со овие докази Марјан Ефремов не може да биде прогласен за виновен“, додаде адвокатот Миланов.
Адвокатот додаде и дека никаде на снимените материјали кои биле претставени како доказ не се гледа дека Ефремов на лице од странските разузнавачки служби му предава документи, ниту пак дека од сообвинетите прима документи.
Случајот „Шпион“ е првата шпионска афера во Македонија.
Освен Ефремов,на обвинителната клупа седнаа 18-мина. Надвор од овој судски процес останаа сопственикот на интернет порталот „Буре весник“ Зоран Божиновски, кој е во екстрадиционен притвор во Србија, како и Борис Перков од Велес, кој беше во екстрадиционен притвор во Чешка. ЈО за нив ја прекина истрагата, но не се откажа од прогонот.
Србија сè уште не ѝ одговорила на Македонија по барањето за екстардиција на Божиновски, а Перков пред неколку месеци беше екстрадиран од Чешка, но само за делото злосторничко здружување, па дополнително се чека дали Чешка ќе одобри на Перков да му се суди и за шпионажа.
На завршните зборови на обвинителката во петокот, поранешниот директор на Управата за перење на пари, Ване Цветанов, беше ослободен од обвинението шпионажа и нему ќе му се суди само за делата злосторничко здружување и злоупотреба на државна и воена тајна.
Завршните зборови се сеуште во тек, а на 14-ти и 15-ти овој месец ќе продолжат рочиштата со завршните зборови на одбраната.