
Денес како претседател на Националниот совет за евроинтеграции остварив средба со амбасадор на Делегацијата на ЕУ, Н.Е. г. Дејвид Гир.
На средбата информирав за составот на Националниот совет за евроинтеграции и надлежностите кои Советот ги има, инклузивниот карактер на телото кое обединува политичките и општествени чинители, како и за идејата Советот да гради и одржува консензус за членство во ЕУ.
На средбата разговаравме и за периодот кој што претстои и евроинтеграциите на Македонија како и активната агенда на Националниот совет за евроинтеграции. Исто така на средбата го информирав амбасадорот Гир и за актуелните состојби во државата и актуелната политичка ситуација.
