Возилата со странски регистарски таблички ќе може да се регистрираат со 50 проценти намалени давачки

Возилата со странски регистарски таблички ќе може да се регистрираат со 50 проценти намалени давачки, од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз од страна на надлежните државни органи, напиша на својот фејсбук профил вечерва премиерот Зоран Заев.

Оние кои имаат поднесено барање за регистрација, појаснува тој, задолжително треба да ги исполнуваат следните услови: да ги имаат регулирано царинските и даночните обврски за возилото во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон и да поседуваат важечка сообраќајна дозвола, осигурување и зелен картон, да влегле на територијата на Република Северна Македонија до 1 октомври 2020 година.

„Со ова, законски создадовме можност за регистрација на возилата кои се со странски таблички, со цел регистрацијата да биде дома, а средства да одат за патишта, за општините, како и за важни фондови за државата“, објави Заев на својот фејсбук профил