Истрага за руски милиони на Саркози

Францускотo финансиско државно обвинителство (PNF) покране истрага за злоупотреба на положбата во рамките на консултантските активности во Русија на поранешниот француски претседател Николас Саркози, пренесува агенцијата AFP повикувајќи се на изводи блиски на истрагата.

Од обвинителството за агенцијата потврдиле дека покренале истрага за злоупотреба на функцијата, но и поради криминал и други прекршоци.

Поратлот Mediapart пренесува дека со овој случај уште од летото 2020 година се занимава антикорупцискиот суд, по извепштајот на финансиските разузнавачки служби Tracfin дека Саркози бил платен од руското осигурително друштво „ Reso Garantia“ во кој контролниот пакет го имаат двајцата руски милијардери Сергеј и Никола Саркисови.

„Судот се обидува да провери дали поранешниот шеф на државата дејствувал како советник, што би боло совршено легално или, пак, се занимавал со потенцијално криминално лобирање во името на руските олигарси“, пишува Mediapart.

Договорот бил склучен во 2019 година, а се однесува на неколку години и е во износ од три милиона евра. Николас Саркози уште на почетокот од 2020 година примил упралта од 500.000 евра според овој договор, се додава во написот на Mediapart.

Осигурителното друштво „Reso Garantia“, основано во 1991 година, е една од главните компании во Русија во осигурителниот сектор, а е специјализирано за автомобилски осигурувањеа со повеќе од 34.000 агентии 11 милиони клиенти.

Франциската осигурителна компанија AXA во 2007 година склучила договор со акционерите на куќата „Reso Garantia“ за купување на удел од 36,7 отсто во оваа компанија, во износ од 810 милиони евра.

Во написот на Mediapart се наведува дека АХА е важен клиент на адвокатската канцеларија „Realyze“, којашто уште во 1987 година со партнери ја основал Николас Саркози.