
Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Александар Николоски оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ.
-На средбата изразив задоволство од континуираните добри односи со Хрватска, која како земја членка на ЕУ и близок пријател на нашата земја, дава поддршка и придонесува за позитивна афирмација на државата на нејзиниот евроинтегративен пат. Пријателството помеѓу двете земји и соработката и во иднина ќе се продлабочува – информира Николоски.