![rusija kovid maska](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/09/rusija-kovid-maska.jpg?resize=696%2C391&ssl=1)
Русија разви „имунитет на стадо“ против ковид-19 и покрај релативно ниската стапка на инфекција во споредба со другите земји, изјави денеска шефицата на Руската федерална служба за надзор на заштитата на правата на потрошувачите и благосостојбата на луѓето, Ана Попова.
– Нашата економија функционира, сите индустрии функционираат, научивме да работиме и развивме имунитет на стадо и покрај релативно ниската стапка на инфекција во споредба со другите – рече Попова за време на сесијата со водечките епидемиолози и вирусолози, пренесува ТАСС.
Таа рече дека Русија во моментов е на 60. место во светот според бројот на заразени на 100.000 жители.