Малата каратистка Сара Трпковска продолжува да ниже успеси на светски турнири

Македонија има свој претставник на карате турнирите на sportdata.org, во категоријата на девојчиња до 12 години, тоа e младата каратистка Сара Трпковска од Карате клубот Фунакоши Гичин од Скопје.

Во оваа година на пандемија и затворени граници, кога не само училишните часови  и дел од спортските турнири, почнаа да се одржуваат он-лајн натпревари во карате. Благодарение на оваа состојба, каратистката Сара Трпковска можеше да се натпреварува рамо до рамо, со најдобрите каратистки во нејзина категорија од целиот свет. А името на Македонија се наоѓа заедно со имињата на светските карате веле сили.

Македонија има свој претставник на карате турнирите на sportdata.org, во категоријата на девојчиња до 12 години, тоа e младата каратистка Сара Трпковска од Карате клубот „Фунакоши Гичин“ од Скопје.

Сара е 11-годишна ученичка од Скопје, која со карате се занимава од 6-годишна возраст, а оваа година учествуваше на над 40 он-лајн турнири во карате во категорија кати за девојчиња од 12 години. Со освоени 2 златни медалји, 4 сребрени медалји и 8 бронзени медалји, Сара успеа да го освои 6-тото место (од над 200 натпреварувачки) на светската ранг листа на он-лајн карате турнири во нејзината категорија (у12) во 2020 година.

На првиот он-лајн карате карате натпревар во кати за деца до 15 години во Македонија во 2020 година Сара со оценка од 24.26 успеа да го освои 1-то место во категоријата на девојчиња 11 години.

Малата Сара секојдневно тренира, настапува на он-лајн турнирите и се подговува за турнирите каде што со физичко присуство гордо ќе ги брани боите на Македонија.