Исчезна гавранот чувар на Лондонската кула, паѓа ли кралството?

Исчезнала „кралицата“ меѓу гавраните чувари на Лондонската кула по името Мерлина и се претпоставува дека угинала, објавија лица кои се грижат за нив, пренесува BBC.

Било забележано дека Мерлина, која се придружила на ткн јато на чуварите на Лондонската кула во 2007 година, веже неколку седмици не се враќа.

Легендата вели дека Лондонската кула (Tower of London) во секој момент треба да ја чуваат шест гаврани, а доколку тие некогаш си заминат од стражата, кралството ќе падне. Донеодамна кулата ја чуваа седум гаврани, женки и мажјаци,

„Мрилина веќе долго ја нема, што, за жал, може да значи дека угинала“, изјавил портпаролот на Лондонската кула, додавајќи дека таа без сомневање била кралица меѓу гавраните кои ја чуваат оваа древна знаменитост на британската престолнина. Управата потвердила дека не планира веднаш да побара замена за Мерлина.

Кристофер Скајф, кој е задолжен за грижата за гавраните на Лондоксата кула, некои време ќе тагува по Мерлина пред во јатото на донесе нова птица, пишуваат англиските медиуми.

„Знам дека оваа вест растажи многумина. Но никој не е понатажен од мена, па неколку дена ќе бидам, отсутен“, напиша Скајф на социјалните мрежи.

Според преданитето, Чарлс Втори (1630 – 1685), донел декрет со кој е одлучено дека Лондоската кула ќе ја чуваат гаврани. Во минатиот век, кога во јатото останал само еден гавран, британскиот премиер Винстон Черчил надеил дека во кулата во секој момент мора да има најмалку шест птици.

Лондонската кула во 2018 година започна програма за одгледување гаврани, откако фоднацијата Историски кралски палати, задолжена за грижата за дел од кралските објекти, објави дека станало „извонредно тешко“ да се најдат овие птици во Велика Британија.