3.8 C
Skopje
четврток, ноември 28, 2024

Пратеникот Дарко Каевски од СДСМ е позитивен на коронавирусот

Другари и другарки, по првичните благи симптоми кои ги имав во петокот направив брз тест кој што беше негативен, но и покрај тоа направив уште еден PCR тест за Ковид-19 и резултатот е позитивен“, напиша на својот Фејсбук профил, пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски.

Се чувствувам добро и сум со поблаги симптоми. Во изминатиот период бев максимално внимателен и ги почитував мерките од комисијата за заразни болести и министерството за здравство. Но, вирусот не прашува, така да, што е тука е и ова ќе помине. Во наредниот период останувам во самоизолација. Чувајте се почитувајте ги препораките и останете во добро здравје, стои во неговиот Фејсбук статус.