Љупчо Пренџов, пратеник од ГРОМ во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за законот за попис кој е доста актуелна тема периодот каде потенцираше дека попис е потребен особено во овој период кога како народ и како држава сме негирани од сите страни. Тој рече дека опозицијата ќе гласа против за овој закон затоа што нема доверба во Владата и во начинот на кој ќе се попишува населението.
-Законот за пописот три дена се одвиваше во рамките на Собранието, но имаше дебата и во комисиите се разбира по скратена постапка бидејќи се она што е јавен интерес кое што се однесува на два милиони граѓани власта се однесува како тоа да е нивна приванатна работа па така и за пописот. Имаше многу дезинформации во јавноста дека опозицијата ќе го блокира, ќе го бојкотирала пописот и така натаму и добро е што почнуваме со оваа тема да ги разјасниме работите. Попис во Република Македониоја е потребен и јас поддржувам да има попис во нашата држава особено во овој период кога од сите страни сме негирани како држава и како народ. Јас ќе се попишам како горд Македонец , православен христијанин кој зборува македонски јазик, но и истовремено ќе го повикам и мојот комшија Турчин, Албанец да се потпишат како Турци, Албанци и така натаму од Република Македонија и тоа е генералниот и почетниот став на опозицијата во рамките на Собранието на Република Македонија. Но кога ќе погледнете како тие го претставуваат тоа најважно е граѓаните да знаат дека не постои методологија на попис што значи тоа? Тоа значи дека секогаш кога се прави попис во било која нормална држава со законот заедно се дава и методологија. Тоа значи дека законот се гласа дека треба да има попис, а методологијата значи на кој начин тој попис треба да се направи, вели Пренџов.
Тој додава дека во рамките на Собранието ниту пратениците од опозицијата, ниту пратениците од власта не виделе методологија како ќе се прави овој попис. Едните ќе гласаат затоа што така е договорено, а другите ќе гласаме против затоа што немаме доверба во владата и немаме доверба во начинот на кој ќе се попишува населението, истакна пратеникот Пренџов.