Пандемијата на коронавирусот силно влијаела врз минатогодишната стапка на смртноста и очекуваната животна возраст во Франција, покажуваат податоците кои во вторникот ги објави агенцијата за статистика Insee.
Минатата 2020 година во Франција починале 658.000 луѓе, што претставува пораст од 7,3 отсто во однос на претходната 2019 година. Растот на смртноста е највисок кај повозрасноте од 65 години, и тоа за 8,3 отсто во однос на 2019-та, според Insee.
Иако бројот на починатите растел и изминатите години, минатогодишниот раст е „непропорционален“, оценуваат статистичарите. Смртноста особено била висока во текот на првиот бран од епидемијата на коронавирусот, во март и во мај, и во вториот бран од октомври.
Пандемијата влијаела и на очекуваната животна возраст која за жените се намалила за пет, а за мажите за шест години. За Французинките така, за 2020 година очекуваната животна возраст изнесувала 85,2 години, а за Французијата 79,2 години.
Статистичката агенција минатата година забележала и 34 отсто помалку венчавнки, бидејќи пандемијата одложила многу од нив. Тоа претставува „историск пад“, објави Insee.
Во Франција, којашто има 67 милиони жители, од почетокот на пандемијата од последиците предизвикани од Covid-19 починале 70.000 луѓе.