
Командантот на американската Национална гарда, генералот Даниел Хокансон, соопшти во вторникот на брифингот за новинариите во Пентагон дека 12 нејзини припадници се суспендирани од службата во текот на утрешната инаугурација на претседателот Џо Бајден.
Пентагон стравува од инфилтрирање на екстремисти во силите задолжени за безбедноста во текот на полагањето на свечената обврска на новиот американски претседател во среда.
„Внимателно ја следиме ситуацијата. Доколку се појават некакви сомневања во врска со нив, за тоа веднаш се известува командата и службите за спроведување на законот. Не сум загрижен за мнозинството во нашата структура. Станува збор за 12 идентификувани (војници) од 25.000. Можно е некои од 12-мината да немаат врска (со сомнителни активности), но мораме да бидеме сигурни во мерките на претпазливост“, рекол Хокансон.
Двајца војници чиишто коментари се оценети за несоодветни се наоѓале веќе во Вашингтон, кога нивните коментари биле пријавени на командата на Националната гарда, еден бил пријавен од надреден, а другиот од анонимен извор, прецизирал генералот Хокасон и тое биле вратени дома.
„За другите десетмина војници, отстранети се од безбедностни сили, одликата не е поврзана врска со настаните кај Капитол, ниту со загриженоста поради екстремизмот“, појаснил портпаролот Џонатан Хофман.
Притоа, како што истакнал портпаролот на Пентагон, најголемиот дел од информациите добиени во текот на проверките не се поврзани со безредијата на Капитол Хил од 6-ти јануари, кога поддржувачите на претседателот на заминување Доналд Трамп продреа во Конгресот уверени дека му е украдена победата на претседателските избори на 3-ти ноември, при што загинаа пет лица.
„Се прават напори да се идентификуваат какви било сомнителни активности во минатото или повразани со потенцијално сомнителни дејствија, кои не се однесуваат само на екстремизмот. Сега не поставуваме прашања, преземаме мерки на претпазливост и ги отстрануваме (сомнителните) од редовите на силите пред Капитол“, додал Хофман.
Федералното биро за истраги (FBI) во понеделникот објави дека ги проверува припадниците на безбедносните сили преку базата на податоци и листите за следење, како и учества во претходни истраги.
„Сакаме да бидеме сигурни дека ги имаме вистинските луше во крогот кој ќе ги штити претседателот и потпретседателката“, појаснил генералот Вилијаме Вокер, командант на Националната гарда во Вашингтон.
Единиците на Националната гарда се стационирани во секоја од 50-те сојузни држави на САД, и се под ингеренции на гувернерите на американскиот претседател. Оваа структура претставува организиран резервен состав на копнените и воздушните војски на американската армија, кои може да бидат активирани и користени во вонредни ситуации, на пример, при справување со последици од природни катастрофи, или за одржување на редот и законот при поголеми немири.
Инаугурацијата на избраниот американски претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис ќе се одржи во среда, традиционално на 20-ти јануари точно напладне на скалилата пред Капитол Хил. Во Вашингтон во пресрет на церемонијата се преземени засилени безбедносни мерки, при што голем дел од центарот на американската престолнина, во непосредна близина на Белата куќа и Конгресот се затворени за сообраќај и масовни движења. Самиот простор на Капитол Хил е затворен за пошироката јавноста веќе неколку дена.