ТАВ: Нови рестрикции за патниците кои патуваат во Германија, Франција, Холандија и Швајцарија-

Скопскиот аеродром ги објави новите рестрикции за патниците кои патуваат во Германија, Франција, Холандија и Швајцарија, во продолжение и нивниот статус на Фејсбук:

-Почитувани патници,

✈✅Согласно најновата одлука на Владата на Холандија, би сакале да ве известиме дека сите патници кои патуваат во Холандија со авионски превоз или по морски пат од високо ризични зони мора да имаат негативен резултат на брз КОВИД-19 тест направен кратко пред заминувањето. Тестот не смее да е направен порано од пред 4 часа пред качување во авион.
Ова барање е како дополнување на веќе постојното барање за задолжителен негативен резултат од PCR тест направен не порано од 72 часа пред пристигнувањето во Холандија.
⚠️Овие мерки стапуваат на сила од сабота, ‼23-ти јануари, 2021 година, во 00.01 часот, а се однесуваат и за оние кои патуваат до Карипските делови на Холандија.
За повеќе информации, ве молиме отворете го линкот од официјалното известување од веб-страницата на Холандската Влада: https://www.government.nl/…/lockdown-measures-tightened…
Доколку имате дополнителни прашања, пред да пристигнете на Меѓународниот Аеродром Скопје, ве молиме контактирајте ја Амбасадата на Холандија во Скопје: https://www.netherlandsandyou.nl/
✈✅Согласно најновите информации што ги добивме од Граничната полиција на Германија, ⚠️од недела, ‼24-ти јануари, 2021 година, од полноќ, патниците кои заминуваат од Република Северна Македонија, Косово и Албанија, во Германија, мора да имаат негативен КОВИД-19 тест не постар од 48 часа пред пристигнување.
➡️Резултатот од тестот треба да биде на германски, англиски или на француски јазик. Се прифаќаат PCR-тестови, LAMP (loop-mediated isothermal amplification) и TMA (transcription-mediated amplification) тестови.
Ве молиме отворете ги линковите подолу за подетални информации во врска со тестовите коишто се прифаќаат во Германија:
Тестови што се прифаќаат во Германија: https://www.rki.de/…/N/Neuartiges_Coronavirus/Tests.html
Антиген тестови се прифаќаат доколку ги исполнуваат барањата за квалитет на СЗО: https://www.rki.de/…/Archiv_Tests/Test_05012021_en.pdf… и тука
https://www.who.int/…/antigen-detection-in-the…
➡️Германските власти дополнително известуваат дека негативниот резултат од КОВИД-тестот задолжително треба да биде во хартиена (печатена) или пак дигитална форма, со тоа што производителот на антиген тестот мора да е видлив на документот.
На следниот линк, ве молиме проверете кои држави Германија ги дефинира како ризични: https://www.rki.de/…/Risikogebiete_2021-01-17_en.pdf…
Доколку имате дополнителни прашања, пред да пристигнете на Меѓународниот Аеродром Скопје, ве молиме контактирајте ја Амбасадата на Германија во Скопје: https://skopje.diplo.de/mk-de
✈✅Согласно најновите информации што ги добивме од Амбасадата на Франција во Скопје, ‼од 18-ти јануари 2021 година, сите патници кои заминуваат од Република Северна Македонија (како и државјани на сите држави кои не се членки на ЕУ) до Франција, задолжително треба да приложат негативен PRC тест, не постар од 72 часа.
➡️Ова правило на Француската Влада исто така се однесува и е применливо и за ‼францускиот дел од Швајцарија, што значи дека истото ќе се применува и за дестинацијата Базел. Во моментов, летот од Скопје до Париз не сообраќа, но кога ќе почне да сообраќа, ќе се применува ова правило.
За повеќе информации, пред да пристигнете на Меѓународен Аеродром Скопје, ве молиме контактирајте ја Амбасадата на Франција во Скопје: https://mk.ambafrance.org/, стои во нивниот пост на Фејсбук.