
Моќен тајфун стигна до јапонскиот остров Окинава. Загина еден маж, а повеќе од 500.000 луѓе добиле повик за евакуација.
Еден маж загина кога го однесоа големите бранови, пренесува јапонската државна телевизија. Неколку лица добиле полесни повреди поради падови.
Авионските компании поради невремето откажале стотина летови.
Тафунот „Неогури“ ослабнал во однос на почетниот статус, но и понатаму е јак, бидејќи го слдеи ветер со брзина од 250 километри на час. Олујата се движи преку островот Окинава, каде има силни дождови и високи бранови.
Јапонската метеоролошка служба предупреди на можни поплави на островот Кјуши, како и на обилни дождови во остатокот од земјата оваа недела.