Русија ќе дозволи коцкање во Сочи за да се продолжи користење на објектите изградени во тој црноморско одмаралиште за Зимските олимписки игри 2014 година.
Точната локација на коцкарските зони во Сочи ќе биде утврдена за 10 дена, изјавил денес за новинарите Дмитриј Козам.
Тој ја објаснил потребата за уште 10 дена за утврдување на таа зона пред се неопходноста од подобрување на финансиските модели за тие проекти кои се кредитираат со позајмици од „Внјешекономбанк“, „Сбербанк“ и други.
Би требало да обезбедиме тие проекти да се исплатат и да не одат во стечај, рекол Козак.
Русија потрошила 51 милијарди долари за игрите во Сочи, така што многу фирми кои вложиле во тоа место сега се прашуваат како ќе си ги повратат парите.