
Светската музичка ѕвезда Ријана е повторно заљубена. Мегапопуларната пејачка е во врска со раперот Асеп Роки.
Вљубената двојка е видена во еден ресторан како ужива со друштво на вечера. Целот време Ријана и Роки разменувале бакнежи, пишуваат таблоидите. Откако медиумите ја открија нивната врска Ријана и Асеп не секаат да зборуваат за тоа, иако папараците ги сликале заедно. Двајцата се правдале дека тие се само пријатели.
Сепак неодамнешните фотографии на популарниот рапер на кои може да се види како тој за Божиќ со Ријана се забавува на нејзиниот роден Барбадос дополнително ги подгрееја шпекулациите дека популарните музичари сепак се повеќе од пријатели.
Овие наводи се потврдуваат посебно откако популарната Рири и Асеп се видени како разменуваат нежности во еден ресторан во Лос Анџелес.
-Одвоено дојдоа во ресторанот, но што седнаа разменија сочен бакнеж пред сите. Беа во друштво на пријатели и цело време разменуваа нежности, што значи дека веќе не ја кријат љубовта, навел очевидец на настанот за медиумите.