
Во последниот натпревар од 20-то коло на шпанското фудбласко првенство во неделата вечерта, Атлетико во Мадрид со 3:1 славеше над Валенсија, зголемувајќи на предоноста на табелата.
Екипата предводена од Диего Симеони не беше збунета од раното водство на гостите, кое дојде во 10 минута кога Урош Рачиќ погоди со удар од 25 метри. Жоао Феликс израмни во 23 минута, Луис Суарез ги доведе „Јорганџиите“ во водство во 54, а конечниот резултат го постигна Анхел Кореа во 72 минута.
Атлетико Мадрид има 47 бодови, односно меч помалку и седум бодови повеќе од второпласираниот Реал Мадрид, и десет од третата Барселона. Валенсија сега е 14-та со 20 бодови, само три бода повеќе од позициите на табелата кои водат во Сегунда.
Атлетико последен пат беше шпански првак во сезоната 2013/2014, а последен пат беше на врвот на табелата по завршувањето на првата половина од шампионатот во 1995/1996 година, кога исто така беше шампион.