
На места утрово има повремени врнежи од дожд, особено во западните и источните делови. Во текот на денот ќе преовладува сончево и релативно топло време со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот повторно ќе има врнежи од дожд, на планините од снег, пообилни во западните делови. Поради продор на студена воздушна маса во текот на ноќта врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места.
Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд.
Максималната температура ќе достигне до 11 степени.