
Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка против едно лице на возраст од 46 години, за кој постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – Обљуба со злоупотреба на положбата.
Осомничениот како тренер по џудо, од април до ноември 2020 година, во Прилеп и на други места, заради задоволување на полови страсти, со злоупотреба на својата положба извршил полови дејствија врз деца кои наполниле 14 години – ученички кои му биле доверени заради тренирање и воспитување.
Против осомничениот надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување на мерка притвор до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп. Судот го прифати предлогот и со Решение на осомничениот му определи притвор во траење до 30 дена.