Давид Луиз прв се извини за срамниот пораз

Заменик капитенот на Бразил, Давид Луиз прв собра храброст да се извини за срамниот пораз, но и да признае дека Германија сосема заслужено има обезбедено пласман во финалниот натпревр.

„Не знам што да кажам, разочарувањето е огромно. Сакавме да донесеме радост на бразилскиот народ, сега се случи токму спротивното. Затоа, им се извинувам на сите Бразилци за она што го доживеаја вечерва, но верувајте дека нам ни е најтешко. Тие беа подобро подготвени за овој меч, и на физички и на психолошки план. Делуваа супериорно на теренот, ни дадоа четири гола за десетина минути. Секоја чест за нив, се уште сум во шок од она што ни се случи“, изјави Луиз.