Победи на Лејкерс и Бруклин, историја во Орландо

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкер и на Бруклин Нетс упишаа победи, а синоќешниот натпревар во Орландо влезе во историјата на НБА лигата како првиот во кој судеа две жени.

Леброн Џејмс постигна 46 коша во победата на ЛА Лејкерс на гостувањето кај неговиот поранешен клуб Кливленд Кавалирс со 115:108, а Ентони Дејвис додаде 17 поени на денот кога се одбележува годишнината од трагичната смрт на легендата на клубот Коби Брајант, кој точно пред една година загина во хеликоптерска несреќа.

Бруклин Нетс на домашен паркет ги добија Мајами Хитс со 98:85 предводени од своите ѕвезди Џејмс Харден и Кевин Дурант со 20 поени, како и Кајри Ирвинг кој постигна 16 поени. За Мајами Бам Адебајо постигна 26 коша, а тимот од Флорида беше ослабен со неиграњето на Џими Батлер, Ејвери Бредли, Тајрел Хиро, Мејерс Леонард и Морис Харклес.

Денверс Нагетс ги победија Далас Мавериск со 117:113 со 30-те коша на Мајкл Портер и одличен учинок на Никола Јокиќ со 20 поени и 10 скокови. Кај Далас прв беше Лука Дончич кој беше најдобар стрелец со 35 поени, најдобар скокач со 11 скокови и асистент со 16 асистенции на натпреварот, а имаше и 4 украдени топки, што досега им успеало во историјата на само пет играчи во НБА.

Натпреварот кој Орландо Меџикс против Шарлот Хорнет го добија со 117:108, влезе во историјата на лигата, бидејќи првпат судеа две жени, Натали Саго и Џена Шредер.

 

РЕЗУЛТАТИ

Чикаго – Бостон 103:119
Кливленд – ЛА Лејкерс 108:115
Далас – Денвер 113:117
Бруклин – Мајами 98:85
Голден Стејт – Минесота 130:108
Портланд – Оклахома Сити 122:125
Детроит – Филаделфија 119:104
Индијана – Торонто 129:114
Орландо – Шарлот 117:108.

 

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

1. Филаделфија 66,7 18 12 6
2. Бостон 62,5 16 10 6
3. Милвоки 62,5 16 10 6
4. Индијана 58,8 17 10 7
5. Бруклин 57,9 19 11 8
6. Атланта 50,0 16 8 8
7. Кливленд 47,1 17 8 9
8. Њујорк 44,4 18 8 10
9. Орландо 44,4 18 8 10
10. Торонто 41,2 17 7 10
11. Чикаго 41,2 17 7 10
12. Шарлот 41,2 17 7 10
13. Мајами 37,5 16 6 10
14. Вашингтон 25,0 12 3 9
15. Детроит 23,5 17 4 13

 

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

1. ЛА Лејкерс 77,8 18 14 4
2. ЛА Клиперс 76,5 17 13 4
3. Јута 75,0 16 12 4
4. Денвер 58,8 17 10 7
5. Портланд 56,3 16 9 7
6. Мемфис 53,8 13 7 6
7. Феникс 53,3 15 8 7
8. Голден Стејт 52,9 17 9 8
9. Сан Антонио 52,9 17 9 8
10. Далас 47,1 17 8 9
11. Оклахома Сити 43,8 16 7 9
12. Хјустон 40,0 15 6 9
13. Сакраменто 37,5 16 6 10
14. Њу Орлеанс 33,3 15 5 10
15. Минесота 25,0 16 4 12