
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 155 мерки, од кои 8 за возење без возачка дозвола, 6 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 9 за поминување на затворен семафор (црвено светло), 3 санкции за управување под дејство на алкохол, 5 за користење на мобилен телефон и 8 мерки за некористење на сигурносен појас. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информираат од МВР.