Филипче: ЕУ ќе излезе како победник и ќе им помогне на земјите да дојдат до вакцини

Европската унија ќе излезе како победник и покрај сите предизвици со кои се соочува, ќе им помогне во процесот на имунизација на земјите кои не се членки на Унијата. Филипче потенцираше дека целта е да се постигне колективен имунитет, а тоа значи во сите држави да се спроведе процесот на имунизација, со што би се сменила сликата за пандемијата, оцени министерот за здравство Венко Филипче во текот на синоќешното гостување на телевизијата Клан.

„Уверен сум дека и во оваа криза ЕУ ќе излезе победник и дека ќе може сепак да им помогне на земјите кои не се членки на Унијата, свесни дека е тоа исклучително битно, во смисла, дека не смее да остане едно подрачје невакцинирано, бидејќи целокупниот концепт на имунизацијата нема да може соодветно да се спроведе. Идејата на имунизацијата е да се постигне колективен имунитет, а тоа значи во сите држави да се спроведува процесот на имунизација за дефинитивно да се смени сликата за пандемијата“, рече Филипче.