
Најголемата светска интернет платформа за тргување Amazon и натаму е „расадник“ за антиваксерските теории на заговор, а такви дезинформации влијаат на некои луше да не сакаат да се вакцинираат против коронавирусот, се истакнува во новото истражување на наичниците од Универзитетот Вашингтон во Сиетл.
„Алгоритмите на „Amazon“ за пребараување ги промовираат книгите кои шират лажни тврдења за вакцините пред оние кои ги побиваат здравствените дезинформации“, тврдат авторите на истражувањето и додаваат дека „кога купувачите пребаруваат алгоритмите ги упатуваат на натамошни дезинформации“.
Amazon е „продавница со различни здравствени дезинформации“, предупредуваат авторите на истражувањата, Прерна Јунеја, докторант на Факултетот за информатички науки, и професор на социјална компјутерика Тани Митра, во написот кој ќе биде претставен на научна конференција во мај.
Првите осум пребараувања во четвртокот за изразот „вакцина“ во интернет книжарницата на Amazon биле антикварски книги, вклучително и книгата „ Anyone Who Tells You Vaccines Are Safe and Effective is Lyin“, на познатиот британски теоретичар на заговори Вернон Колман, како и книгата „The Vaccine-Friendly Plan“ на лекарот од американскаа сојузна држава Орегон, Пол Томас.
Во медиумите се наведува дека на Томан минатата година му била одземена лиценцата поради мамење на родителите во врска со сигурноста на вакцината и недоволно вакцинирање на пациентите поради што едно дете наводно добило тетанус и минало 57 дена во болница.
Во контекстот на масовното вакцинирање против Covid-19 „борната против антиваксерските дезинформации никогаш не била поважна“, велата авторите на ова истражување во четвртокот.
„Amazon на купците им овозможува пристап до разни ставови. Доследни сме кон позитивното искуство за купувачите и имаме политики кои дефинираат кои производи може да се продаваат во нашите продавници“, коментира портпаролот на компанијата.
„Нашите алатки за купување и пребарување не се дизајнирани да генерираат резултати насочени на некој специфичен став и секогаш ги слушаме повратните информации од купувачите“, додава во писмената изјавата во медиумите.
Од „Amazon“ неодамна постави банер со поврзување на страницата на сојузна влада со фактите за вакцината против коронавирусот над резултатие од пребарувањето за клучниот збор „вакцина“.