
Претседателот на Косово Атифете Јахјага остро го осуди палењето на знамето на Република Македонија на протестите во Приштина, оценувајки дека станува збор за неприфатлив акт.
Јахјага, како што е соопштено од нејзиниот кабинет, го нагласи правото на протест што е гарантирано со Уставот на Република Косово со цел да се изрази незадоволство со одредени прашања, дејствија кои се спротиви на вредностите и идеалите на демократските општества.
Таа побара од органите на редот на Косово сторителите на чинот на палењето на македонското знаме да ги изведат пред лицето на правдата.