Куба првпат со над 1.000 коронаинфекции во еден ден

Куба првпат од почетокот на пандемијата на коронавируот во еден ден имала повеќе од илјада новозаразени, објави во неделата тамошното министерство за здравство.

Здравствените власти на карипската островска земја објавија дека во последните 24 часа биле потврдени 1.012 нови случаи на заразата.

Куба, со 11,33 милиони жители, дорелативно добро досега се справува со епидемијата, со 26.000 потврдени случаи на заразата и 214 смртни исходи.

За да ги спречат новите зарази, особено по појавата на новите соеви на коронавирусот, меѓу кои и во Бразил, властите во Хавана им наложија на воздухопловните компании да го намалат бројот на летовите за САД, Мексико, Панама, Бахами, Домениканската Република, Јамајка и Колумбија.

Странците кои ќе допатуваат во земјата мора да одат во карантин во затоа одредените хотели и да минат два теста на коронавирус во пет дена. Кубанците кои се враќаат во татковината, пак, мора да одат во изолација.

На почетокот од минатата година, кога СЗО ја објави пандемијата на новиот коронавирус, Куба испрати во странство шест медицински бригади за борба притив ширењето на тогаш новата болест, и тоа во Италија, Венецуела, Никарагва, Јамајка, Суринам и Гренада.

Карипскиот остров од револуцијата во 1959 година започна да ги испраќа своите „војски на белите мантили“ на местите погодени со катастрофи ширум светот, најмногу во сиромашните земји. Нивните лекари беа на првата линија во борбата против колерата на Хаити и против еболата во западна Африка во 2010-те години.

Куба со економската помош на поранешниот сојузник Советскиот сојуз изгради здравствен систем на кој му завидуваат и развиените земји, иако некои достигнувања се загубени од пропаѓањето на комунистичкиот блок. Во многу кубански болници состојбата не е добра и Кубанците тешко набавуваат лекови, ситауција за којашто владата во Хавана вели дека е во прв ред последица од повеќедецениските санкции од САД, а западните аналитичари сметаат дека е резултат и на неефикасното државно стопанство во земјата.

И покрај тоа, Куба го има еден од најголемите соодноси на лекар по глава на жител во светот, дури и кога ќе се исклучат многуте стотици кубански лекари кои се во странство, а со своите медицински бригади за помош во катастрофите, Хавана и натаму ја стекнува наклонетоста ширум светот.