„Од нас за нас“ ја демантира Царовска: Прво видете, па одлучете кој манипулира со јавноста

По реакцијата на Министерството за образование и наука, кое демантираше дека фотографиите навистина ќе бидат дел од програмата за второодделенците во рамки сексуалното образование, се огласи и Здружението „Од нас за нас“.

-Категорично ја демантираме министерката Мила Царовска дека шириме невистинити информации на фејсбук. Невистина е дека здружението ОД НАС ЗА НАС „прилепило илустрации на делови од Концепцијата“.

Здружението ОД НАС ЗА НАС нема тенденциозна намера да шири паника и да ја манипулира јавноста туку има за цел да ја информира јавноста за агендата на сеопфатното сексуално образование преку искуството на другите земји.

-Препорачуваме министерот Мила Царовска внимателно да ја прочита целата објава пред да шири лажни и невистинити информации“се вели во нивното соопштение.

Инаку нивниот цел текст може да го погледнете во продолжение, и како што велат од Здружението, сами да одлучите кој е во право.