Шведска бележи зголеменo ширeње на заразата со британскиот сој на коронавирусот

Шведските здравствени власти забележале зголемен број позитивни тестови на британскиот сој на коронавирусот од 11 отсто, објави во вторникот тамошната Агенција за јавно здравство.

Од вкупно 2.200 примероци позитивни на коронавирусот во коишто се трагало по британската варијанта на SARS-CoV-2, 250 биле позитивни на британскиот сој.

Здравствената агенција, исто така, извести дека нема да ја користи вакцината против Covid-19, на англо-шведската фармацевтска компанија „AstraZeneca“ за лицата повозрасни од 65 години, неведувајќи го недостигот од докази дека е ефикасна за оваа возрасна група.

Шведска, којашто во текот на пандемијата ги избегнуваше воведувањето на мерките за „затворање“, од петокот регистрирала 9,649 нови случаи на коронаинфекции, покажале подтоците на Агенција за јавно здравство.

Минатата седмица оваа бројка била малку помала и биле регистрирани 9.123 случаи на заразата.

Шведска, која има 10 милиони жители, забележала 224 нови смртни случаи, па сега вкупниот број смртни исходи во земјата изнесува 11.815.

Стапката на смртноста која се припишува на коронавирусот во Шведска е неколкупати е повисока во однос на нордиските соседи, но е пониска во однос на неколку европски земји кои се решаа за целосни мерки на затворањето.