Почина Хал Холбрук, кој го глумеше Марк Твен

Актерот Хал Холбрук, познат по улогата на писателот Марк Твен  во монодрамата „Марк Твен вечерва“ почина на 95-годишна возраст, објави „Њујорк тајмс“.

Холбрук е најпознат по монодрамата „Марк Твен вечерва“ која датира од  средината на 1950 година. Станува дел од претставите на Бродвеј во 1966 година, а Холбрук за тоа ја освои наградата Тони за најдобра изведба.Подоцна заработи и номинација за Еми за телевизиски пренос на емисијата на „Си-би-ес“. Тој настапуваше како Твен до 2017 година, кога се повлече од претставата

Актерот имаше и номинација за Оскар во 2008 година за неговата улога како Рон Франц во „Во дивината“. Глумеше и во „Сите луѓе на претседателот“, „Вол Стрит“, „Фирма“ и други.