
Фудбалерите на Севилја се пласираа во полифиналето на шпанскиот национален Куп на кралот (Копа дел Реј) откако во вторникот вечерта во четвртфиналето со 1:0 на гости ја поразија Алмерија.
Стрелец на единствениот погодок на натпреварот беше Лукас Окампос во 67 минута.
Денеска на распоредот се уште два натпревара од четвртфиналето: Леванте – Вилјареал и Гранада – Барселона, а во четвртокот се играат Реал Бетис – Атлетик Билбао.