Името и делото на Апостолот на ВМРО – Гоце Делчев, отсекогаш претставувало инспирација на македонскиот патриотизам во борбата за создавање на независна македонска држава, пишува на својот Фејсбук профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Во негова чест во 1923 година Македонците – емигранти во Пловдив се организираат во македонско друштво “Гоце Делчев”. Друштвото имало за цел со легални средства под девизата “Македонија на Македонците” да се бори за независна Македонија.
Документот всушност се првите членови од Уставот на друштвото, кој бил потврден од министерството за внатрешни работи на Бугарија.
Денес се одбележуваат 149 години од раѓањето на Гоце Делчев, македонски херој врз чие име, дело и жртва почива нашата борба за слобода и денешната држава Македонија.
“Во жртвата нема степен, таа завршува со чест и со име”
Слава му“ – порача Мицкоски!