Средношколскиот сојуз ќе одлучува дали ќе продолжи бојкотот

Дел од матурантите веќе 14 дена ја бојкотираат наставата. Денеска ќе одлучуваат дали бојкотот ќе продолжи.

Претседателот на Средношколскиот сојуз Бленди Ходаи за ТВ24 вели дека од Демократската унија за интеграција им било речено дека прашањето за матурата ќе биде поставено на владина седница.

-Денеска ќе одлучиме што ќе правиме понатаму, бидејќи не сакаме повеќе да загубиме од наставата. Без разлика што ќе одлучиме, продолжуваме да се бориме за барањата за модификација на државната матура, изјави Ходаи за ТВ24.