Неколку лица, според првичните сознанија најмалку четири, се повредени во екслозија на гас во Меминген на југот на Германија, извести дневниот весник Bild во петокот, повикувајќи се на полициски извори.
Според весникот, не може да се исклучи уште една експлозија.
Весникот Augsburger Allgemeine објави дека експлозијата се случила во зградата на баварскиот Црвен крст, околу 6 часот утрото, и дека пет лица се повредени, од кои повеќето полесно.
Експлозијата веројатно е последица на проблем со гасоводот под улицата во која се наоѓа споменатиот објект, додава весникот.
На теренот се излезени пожарникарите и другите итни служби. Сите згради во периметар од 500 метри се евакуирани, вклучително и редакцијата на весникот Memminger Zeitung, известува весникот Allgäuer Zeitung.
Овој весник наведува дека една жена е тешко повредена и оти е префрлена со хеликоптер во болницата во Мурнау.