„Адвокатската улица“ станува еднонасочна

Општина Центар во координација со екипите на Град Скопје започнува со теренски активности за поставување вертикална сообраќајна сигнализација за воведување еднонасочен сообраќаен режим на ул. „Св. Климент Охридски“ – позната како Адвокатска улица со цел регулирање и намалување на сообраќајот, како и зголемена безбедност за сите учесниците во сообраќајот, особено за учениците од локалното училиште.

– Во интерес на зголемување на безбедноста и подобрување на сообраќајот во овој дел на територијата на Општина Центар, еднонасочниот сообраќаен режим ќе биде воспоставен во правец на движење од страна на бул. „Крсте Петков Мисирков“ кон ул.„Филип Втори Македонски – стои во соопштението од општината.

Од општината информираат овие теренски активности се изведуваат во согласност со Проектот за смирување на сообраќајот и зголемување на безбедноста – зона ООУ „Св. Кирил и Медотиј“ во Општина Центар, каде што минатата година беше поставена мерка за смирување на сообраќајот, односно, подигнато пешачко плато пред општинското основно училиште.

Општината испрати апел до граѓаните да бидат внимателни во текот на денешниот ден додека се изведуваат теренските активности.