Поранешната најдобра тенисерка на светот Серена Вилијамс се откажа од настапот во полуфиналето на ВТА турнирот Јара Вали Класик во австралиски Мелбурн поради повреда на десното рамо.
Вилијамс во четвртфиналето беше подобра од сонародничката Даниел Колинс со 6:2, 4:6, 10:6 и во полуфиналето требаше да се сретне против моментално водечката тенисерка во светот, Австралијката Ешли Барти, но се откажа од настапот.
„Серена Вилијамс се повлече од Јара Вали Класик поради повреда на десното рамо. Ешли Барти влезе во финалето без борба“, објави ВТА на Twitter.
Сѐ уште не е познато дали станува збор за потешка повреда или Серена Вилијамс едноставно не сакала да ризикува пред почетокот на Отвореното првенство на Австралија кое започнува во понеделник.
Барти во финалето ќе игра со победничката од мечот меѓу Чехињата Маркета Вондрушова и Шпанката Габриела Мугуруза.
Вондрушова во четвртфиналето ја победи Аргентинката Надија Подороска со 4:6, 6:3, 10:4, додека Мугуруза ја совлада Американката Софи Кенини со 6:2 и 6:2.