Полициска акција во Прилеп за разбивање на дилерска мрежа

Во Прилеп попладнево се одвива полициска акција која, неофицијално, е организирана за разбивање на дилерска мрежа.

Локалните медиуми  информриаат дека полицијата апси повеќе лица кои биле инволвирани во активноста  за купување и продажба на  хероин кокаин марихуана и анфетамини.

Акцијата ќе трае до крајот на денот и при нејзината реализација се вршат претреси на различни објекти.

МВР најавува повеќе детали за оваа акција во текот на утрешниот ден.