Ајнтрахт впиша гостинска победа кај Хофенхајм, снегот го одложи дуелот во Билефилд

Во неделниот дуел во 20-то коло од германската Бундеслига, франкфуртски Ајнтрехт како гостин го победе Хофенхајм со 3:1, додека поради невремето беше одложен мечот Арминија и Вердер.

Ајнтрајт поведе во 15 минута со голот на Филип Костиќ, а Хофенхајм израмни во 47 минута со голот на Ихлас Бебу. Но гостите ја направија решавачката прадност со брзите погодоци на Еван Н’Дика во 62 и Андре Силва во 64 минута, а по асистенциите на српскиот интернационалец Костиќ.

За Португалецот Силва ова е 17-ти гол сезонава и е вториот на листата на стрелцијта зад Роберт Левандовски кој има постигнато 24 погодоци.

Ајнтрахт со третата последователна победа дојде до четвртото место на табелата со 36 бодови, додека Хофенхајм го претпре вториот последователен пораз и е моментална на 12-то место со 22 бодови.

 

Натпреварот од ова коло меѓу Арминија од Билефилд и Вердер од Бремен е одложена поради силната снежна бура, која ја погоди центарлна Германија,

Билефилд се наоѓа на североистокот од сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија, која е најмногу е погодена од невремето. Вработените лица во Арминија се обиделе да го исчистат теронот од снегот, но врнежите биле преобемни за одржување на мечот.