3.8 C
Skopje
вторник, декември 17, 2024

Од самоволието на Царовска и Заев, најмногу ќе изгубат нашите деца

Царовска сака да воведе екстремно катастрофален концепт за образование. Нема ниту една напредна држава во светот каде што историјата се укинува како посебен предмет. Станавме режимска држава каде што револтот на матурантите се угушува со притисоци, уцени и закани. Храброста на матурантите во моментов е навистина за поздравување, вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Предлог концептот на царовска е екстремен и радикален и ја има поддршката единствено на Заев и уште неколкумина привезоци околу нив и никој друг. Сите други се свесни дека концептот е катастрофален и лош. Затоа и сите засегнати страни не сакаат ниту да ги чујат, ниту да ги вклучат во целиот процес со нив. Од ова самоволие на Царовска и Заев најмногу ќе изгубат нашите деца и Република Македонија, потенцира тој и додава:

„Царовска нема поддршка за овој катастрофален и екстремен концепт од никој. Граѓаните се свесни за погрешните политики на Царовска, која пак нема поддршка ниту од нејзините сопартијци и соработници кои иако исплашени и запрепастени од предлогот, се погласно коментираат дека ова заедно кое што го прават Зоран Заев и Мила Царовска ја води Република Македонија во пропаст и ја уништува иднината на нашите деца. Мила Царовска си го покажа вистинското лице и едно е факт: Мила Царовска нема право да ја уништува иднината на нашите деца преку образовнио систем“.