Јапонска подморница се судри со комерцијален приватен брод

Јапонска подморница е оштетена, а тројца членови на екипажот се полесно повредени во судар со комерцијален приватен брод, кој се сличил во понеделникот близу пацифичкиот брег.

Подморницата на јапонските одбранбени сили (јапонската воена морнарица), се судрила со бродот во близина на брегот на префектурата Кочи на југот на Јапонија, изјави Катцуноби Като, генерален секретар на јапонската влада.

Като ги пренел тврдењара на јапонската крајбрежна страќа дека приватниот брод не бил оштетен.

Властите ги истражуваат поединостите од инцидентот, водот на бродот со кој се судрила подморницата и државата во којашто е регистриран, додал Като.

Јапонската морнарица објави дека членовите на екипажот се полесно повреден, а дека подморницата е оштетена но дека и натаму може да плови.

Според службената новинска агенција Kyodo, станува збор за 84-метри долгата дизел-електрична подморница со зафатнината од 2.950 тони и 65 челнови на екипажот, прва од класата „Соурју“ која е во употреба од 2009 година.