
Селта Виго успеа да ја запре серијата од осум последователни победи на Атлетико Мадрид и да земе бод играјќи 2:2 на гостувањето кај водечкиот тим во Промера на неговиот стадиот „Ванда Метрополитано.
Санти Мина во 13 минута го постигна водечкиот погодок за Селта. Луис Суарез донесе пресврт за домашните, откао прво во 45 минтуа го постигна израмнувачкиот погодок, а во 50 минута најдобриот стрелц во шпанското првенство сезонава го постигна и својот 16-ти гол за водството на Атлетико.ж
До 89 минута екипата на Диего Симеоно имаше победа во џебот, но тогаш Аргентинецот Факундо Фереира во своето деби за Селта го постигна погодокот за 2:2. Со тоа Селта стана само третиот тим сезонава која успеа да однесе бод од „Ванда Метрополитано“.
Куриозитет на овој меч е што и двајцата голамани на овој меч останаа без интервенции, бидејќи сите четири удари кои одеа во рамките на головите завршија во нивните мрежи.
Атлетико со 51 бод е во убедливо водство, со осум бодови повеќе од Барселона и Реал Мадид кој имаат и меч повеќе. Селта Виго сега со 26 бодови е на 10-то место.