Аббас Табризиан, свештеник од Иран на својте следбеници им рекол дека вакцината против коронавирусот „ги претвора луѓето во хомосексуалци“, што во Иран се казнува со смрт.
– Не се приближувајте на тие кои се вакцинирани. Ќе станете хомосексуалци – напишал Тибризиан на една социјална мрежа.
Тој 59-годишен Иранец е познат по промовирање на фанатизам и лажни вести за западната медицина. Така минатата година пред камери го запали „Харисоновиот медицински прирачник“ тврдејќи дека исламската медицина ги направила таквите книги ирелевантни.
– Kако и другите свештеници во режимот, и Табризиан сите недостатоци ги поврзува со сексуалноста – изјавила иранската дисидентка Шеина Војоуди во разговор за Ерусалим Пост.
– Свештениците во Иран патат од недостиг на знаење и човечност. Впрочем, нивна цел е да се обидат да ги исплашат луѓето од вакцинацијата, додека водачите на режимот и други функционери ја добиле вакцината Фајзер, а не ги даваат на луѓето со изговор дека не треба да му се верува на Запад – додала таа.
За потсетување, иранскиот врховен водач Али хамнеи забрани на почетокот на годината увоз на вакцини од САД и Велика Британија, опишувајќи ги тие западни сили како недоверливи. Пред две недели Иран ја доби руската вакцина Спутник V.