Скопјанка три години уценувана поради љубовна врска со претпоставениот

Триесет и двегодишна жена од Скопје, во понеделникот пријавила во скопската полиција дека речиси три години била уценувана од својот двојно повозрасен претпоставен на работното место со кого била во љубовна врска.

Скопјанката, како што информира Министерството за внатрешни работи во вторникот, пријавила дека во временскиот период од 2018 година до 16-ти јануари 2021 од страна на 59-годишен маж, кој ѝ бил претпоставен на работа и со кого неколку месеци била во љубовна врска, била вознемирувана и уценувана.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.