
Сопругата на загинатиот Гоце Димитриевски возач на мотоцикл во сообраќајната несреќа кај „Млечен ресторан“ во вторникот вечерта на Twitter изрази чудење како може министер за правда на медиум да објавува неофицијална судска пресуда?
Имено, министерот Бојан Маричиќ во гостување на Телевизија 24 претходно во вторникот објави дека дознал дека Апелацискиот суд донел одлука со која ја преиначи одлуката за случајот „Сообраќајката кај Млечен ресторан“.
„Денес дознав дека Апелацискиот суд донел одлука со која ја преиначи одлуката за случајот „Сообраќајката кај Млечен ресторан“ и дал 2 години ефективен затвор и две години забрана за управување со моторно возило. Не знам дали е точно, ќе потврдат, информацијата неофицијално ја добив од луѓе кои се информирани“, вели Маричиќ.
По ова се огласи и самата сопруга на загинатиот возач, која вели дека за неа останува нејасно како министер за правда како дел од извршнаѕа власт јавно на телевизија објавува неофицијална судска одлука.