
италијаПорашениот претседател на Европската централна банка (ECB), Марио Драги, во вторникот доцна ноќта ги заврши политичките консултации за формирање на новата италијанска влада, како што е соопштено добивајќи ја поддршката од повеќето партии во италијанскиот парламент.
Последната италијанска влада која ја водеше Џузепе Конте, се распадна во јануари, по истапувањето од неа на паријата Жива Италија на поранешниот премиер Матео Ренци поради несогласувањето околу распределбата на парите од ЕУ за помош во коронакризата.
По пропаѓањето на обидот на Конте да обезбеди доволна поддршка во парламентот за состав на својот нов кабинет, минатата седмица италијанскиот претедател Серџо Матарела му ја довери задачата на технократот Драги да ја состави новата влада која би ја воделе земјата низ епидемиската и економска криза.
Марио Драги не даваше изјави по завршувањето на консултациите со партиите, но според медиумите може да започне да подготуваа конкретна политичка агениа и да го именува кабинетот за кој ќе бара поддршка од претседателот Матарела. На Драги му е потребна поддршка во двата дома на парламентот, што значи дека е клучна поддршката на големите политички партии.
Поддршка на Драги му даде и поранешниот премиер Силвио Берлускони кој првпат по повеќе месеци се појави во јавноста, видно ослабен и истоштен откако есента прележа Covid-19 и повторни беше хоспитализиран во јануари поради срцева аритмија.
„Ќе бидеме одговорни. Моментот е сериозен и ни наложува на сите настрана да ги оставиме калкулациите, тактиките, изборните интереси и на прво место да го ставиме спасот на земјата“, изјави по средбата со Драги 84-годишниот Берлускони.
Особено биле тешки преговорите со десната партија Лига, на поранешниот вицепремиер и министер за внатрешни работи Матео Салвини и со поранешниото евроскептично и антиестаблишмент Двожење пет ѕвезди.
Движењето пет ѕвезди, е најголемата партија во парламентот и неговата поддршка е значајна и за Драги. Италијанските медиуми истакнуваат дека на консултациите во вторникот вечерта присуствувал и основачот и поранешен лидер на Движењето, Бепе Грило, по чие заминување партијата ја загуби идолошката подлошка и полека почна да губи од рејтингот, но тогаш стана податна за коалицирање со другите партии, бидејќи дотогаш беше „анатемисана“ од Брисел.
Можноста за форирање технократска влада се разгледуваше како можна краткорочна опција за да се надминат борбите меѓу партиските лидери, како и за да се избегне распишувањето на предвремени парламентарни избори.